Откако еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите секоја година: Пиперки во сенф, луто зимско јадење кое сите го сакаат (РЕЦЕПТ)
Доколку подготвувате зимница, не заборавајте да подготвите пиперки во сенф, прилог со волшебен вкус.
Пикантните пиперки во сенф се одличен додаток на секое јадење и се подготвуваат повеќе од едноставно. Домаќинки, наполнете ги теглите и израдувајте ги домашните со вкусна зимница!
Состојки:
– 30 црвени пиперки
– 250 ml вода
– 250 ml оцет
– 250 ml масло
– 250 гр сенф
– 2 лажици шеќер
– 2 лажички сол
– бибер (околу 10 зрна)
– 2 ловорови листови
Подготовка:
1. Исчистете ги пиперките од семките и исечете ги на дебели ленти. Гответе ги неколку минути во мешавина од оцет, сол, вода, бибер, шеќер и ловорови листови.
2. Оставете ги исцедени да се изладат.
3. Во сенфот измешајте ги маслото и пиперките, сè убаво измешајте и наполнете ги теглите.