Осум помалку познати симптоми на инфаркт, ако ги приметите обратете се кај доктор
Испрекинато дишење, палпитации и неправилно чукање на срцето се едни од најчесто познатите симптоми на кардиоваскуларни заболувања, па дури и срцев удар. Но, постојат некои помалку познати симптоми кои покажуваат дека имате сериозно и опасно заболување на срцевиот мускул.
- Болки во вилицата, забоболка и главоболка
Кардиолозите велат дека тие можат да научат многу за целокупната состојба на една личност, врз основа на тоа колку се здрави забите и непцата. Затоа не е изненадувачки што болката во вилицата и забите, придружена со главоболки, може да бидат симптоми на срцев удар. Овој знак за предупредување е почест кај жените и често се идентификува како симптом на срцеви заболувања.
- Отечени зглобови
Задржувањето на течности и оток на зглобовите може да бидат знаци на срцева слабост или други проблеми. Ако зглобовите ви се невообичаено отечени и нема очигледна причина (истегнување, на пример), не заборавајте да се консултирате со лекар.
- Гадење и повраќање
Според Американското здружение за срце, вртоглавица, гадење или повраќање може да бидат предупредувачки знаци дека имате срцев удар, а овие сигнали се почести кај жените. Чувството е слично на оној што го имате кога ќе претерате, да речеме вежбајќи на топлина, само што овојпат не бевте особено активни. Ако чувствувате такво гадење, побарајте медицинска помош.
- Болки во стомакот
Симптомите на срцев удар се разликуваат помеѓу мажи и жени, а понежниот пол често се јавуваан наизглед безопасни симптоми како што се киселински рефлукс, грип или чиреви. Некои жени опишале дека се чувствуваат како „слон да им седи на стомакот“ за време на срцев удар. Ако имате семејна историја на срцеви заболувања и имате силна болка во стомакот, многу е можно да станува збор за нешто многу посериозно отколку што мислите. Побарајте помош веднаш, дури и кога знаците се суптилни.
- Зголемено потење
Потењето за време на физичка активност или во топло време е здрава, нормална телесна реакција. Но, ако се потите и исто така чувствувате непријатност во градите, а не сте се помрднале, ова може да биде почеток на срцев удар.
- Здебелување на вратот
Големината на половината обично е поврзана со ризик од срцеви заболувања, но не е лошо да се измери и вратот. Обемот на вратот од 40 см или повеќе кај мажите и 33 см или повеќе кај жените може да укаже на поголема веројатност за висок крвен притисок, високи триглицериди и низок HDL (добар) холестерол.
- Еректилна дисфункција
Еректилната дисфункција може да биде знак на срцеви заболувања или други проблеми со циркулацијата. Оваа болест е многу честа бидејќи кај мажите се развива атеросклероза, блокада или стеснување на крвните садови со возраста, што доведува до срцев удар.
- Бесвест
Бесвеста може да биде знак на низок крвен притисок, со што се намалува количината на крв што оди во мозокот. Иако несвестицата не е чест симптом, тоа може да биде знак на неправилно чукање на срцето или атријална фибрилација (AFib).