Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола


Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, како што информираат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Тетово, на вчера околу 23:40 часот, на улицата „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б. (19) од Тетово, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Битола, вчера во 01:00 часот, на улицата „Партизанска“ во близина на спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т. од Битола, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.