Остатоци од тасманискиот тигар најдени во орман по 85 години
Тасманискиот тигар угина во заробеништво во зоолошка градина во Хобарт 1936 година, а неговото тело е предадено во локалниот музеј. Но, што се случило понатаму со неговиот костур и кожа беше мистерија.
Тасмаскиот музеј и уметничката галерија изгубиле трага од остатоците и се веруваше дека се исфрлени. Новото истржување откри дека цело време биле во музејот, зачувани, но не и правилно категоризирани.
„Со години многу музејски кустоси и истражувачи безуспешно работеа на неговите остатоци, бидејќи не е забележан материјал со тасманискиот тигар кој датира од 1936 година“, рече Роберт Падл, кој во 2000 година објави книга за изумирање на видот.
Но, тој и еден од кустосите во музејот пронашле необјавен извештај на таксидермист, што поттикнало преглед на музејските збирки. Исчезнатиот женски примерок е пронајден во орман на едукацискиот оддел во музејот.
Носен е по Австралија како патувачка изложба, но персоналот не знаел дека тоа е последниот тасманиски тигар, вели кустосот Кетрин Медлок од Австалиската бродкаст корпорација.
„Одбрана е затоа што била сочувана во колекција. Тогаш мислеле дека ова животно и понатаму постои во дивината“, вели Медлок, и додава дека кожата и костурот се изложени во музејот на Хобарт.
Се верува дека тасанискиот тигар талкал низ Австралија, а нивната популација опаднала поради влијанието на луѓето и дингото.
На крајот овој тигар е пронајден замо на островот Тасманија, каде на крај е ловен до истрбување.