Остатоци од кинескиот сателит може да паднат во Италија


Италијанската цивилна заштита ги предупреди жителите на јужните региони Умбрија, Лацијум, Абруцо, Молизе, Кампанија, Базиликата, Апулија, Калабрија, Сицилија и Сардинија да останат „во затворен простор“ ноќта на 8 кон 9 мај, бидејќи постои можност остатоците на кинескиот сателит, кој паѓа на Земјата без контрола, да завршат во делови на токму тие италијански региони.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курка, што ги пренесе агенцијата „Анса“, постои мала веројатност делови од сателитот, дури и да паднат, да ги оштетат зградите, но на граѓаните им се препорачува да останат зад затворени врати околу 2 часот наутро на 9 мај.

Како што веќе беше најавено, остатоците од кинескиот сателит, кој е во орбита без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според проценката на кинеските експерти, некаде во морето, но постои и мала веројатност дека тие ќе завршат онаму каде што не се планирани.