Осомничениот наводно го признал нападот пред „Шарли ебдо“ во Париз


Главниот осомничен за вчерашниот напад со мачета  во Париз, наводно, го признал нападот, правдајќи се дека реагирал заради навредливите карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед објавени од сатиричното списание „Шарли Ебдо“, јавија денеска француските медиуми, што ги пренесува ДПА.

Во вечрашниот напад две лица се потешко повредени, а седум се приведени за врска со напаѓачот.

Нападот беше изведен во непосредна близина на поранешните простории на „Шарли Ебдо“.