Османи: За идејата претседател Албанец нема рокови
-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ.Завршувајќи со премиерот на владата кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде по последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава.Не е важан националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност.Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите, кажа Османи.
Тој на последниот ден од изборната кампања пред првиот круг од локалните избори в недела оцени дека неговата партија ќе ја оствари најголемата победа од нејзиното формирање.
-Во ова прво полувреме ние победивме. Успеавме да се спротивставиме на политичките конкуренти. Имавме напорни и убави позитивни денови на политичка кампања. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните, но и да ги повикам, во недела да излезат на гласање. Изборите се најважниот момент и секој да ја изрази слободната политичка волја, истакна Османи.