Османи тврди дека има писмен договор влада да се формира по уставните промени


Претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи го демантираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кој тврдеше дека,  иако барал, не бил вклучени во преговорите околу евроинтеграциските процеси.

-Мицкоски дека добро знае колку пати сум барал да отидам во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во белата палата за да го претставам францускиот предлог и преговарачката рамка.Неговиот однос со одбивањето на уставните измени е непатриотски чин поради кој многу млади и натаму ќе бараат бугарски пасоши да се иселуваат, рече Османи, кој додаде дека ако Мицкоски прифати, тој ќе ја прекине неговата претседателска кампања и ќе оди во партиското седиште за да им ја објасни преговарачката рамка.

„Во неколку наврати сум пратил порака до господинот Мицкоски, примете ме во партијата, дајте да ви објаснам бидејќи тоа што го слушате и тоа што го зборувате не е точно, дека е лоша интерпретација и дека не им правите добра услуга на граѓаните кажувајќи им лажни информации и лажни вести. Со секој ден одложено членство во Европската унија група Македонци се пријавуваат во Софија дека имаат бугарски потекло земаат бугарски пасош и ја напуштаат државата. Ако тоа е патриотизам да ги терате граѓаните лажно да се запишуваат дека имаат бугарско потекло за да заминат од државата, тогаш јас не знам што е патриотизам“, вели Бујар Османи.

Ваквиот одговор на Османи доаѓа откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го коментираше предлогот на претседателскиот кандидат од ДУИ кој рече дека доколку стане претседател следниот ден ќе свика лидерска средба и таа ќе трае се додека не се постигне договор за уставните измени и продолжување на процесот на евроинтеграциските процеси. Мицкоски рече дека можноста за постигнување консензус одамна била изгубена.

За идејата на Османи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека е подготвен да учествува на една таква средба тогаш кога, како што рече,  тие што немаат храброст, ќе соберат храброст за важни одлуки.

Османи запрашан за тоа дали постои пишан договор за формирање на Влада откако претходно ќе се усвојат уставните измени рече дека таков договор во писмена форма постои.