Османи се сретна со семејството кое успешно се евакуираше од Газа
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во својот кабинет го прими четиричленото семејство Скаик кое со македонски дипломатски напори пред неколку дена успешно беше евакуирано од појасот Газа преку граничниот премин Рафах кон Египет, а потоа и во Македонија.За МНР и дипломатската служба во Израел и Египет останува предизвик да се донесе во Македонија и брачната двојка која не успеа да се евакуира заедно со семејството Скаик преку преминот Рафах.
Преминот на египетска страна на палестински бегалци, повредени и странци како и на лица од палестинските територии со двојно државјанство се одвиваше по однапред одобрени списоци на кои се најде и ова четиричлено семејство со македонско државјанство.
-Семејството Скаик, пое подолго време безбедното евакуирани од Газа, а од денес на сигурно во земјава. Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел, напиша Османи на својот Фејсбук профил.
Османи изрази благодарност и до Меѓународната организација за IOM која помогна при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето.
– Сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација ја очекувам наскоро, напиша Османи.