Османи ја повика Силјановска да запре со говорот на омраза, таа ги нарече ДУИ криминалци
Кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, одговори на прозивката од противкандидатот Бујар Османи преку социјалната мрежа Твитер.
-61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата – напиша Силјановска на Твитер.
Претходно оОсмани напиша дека не е демократски ниту мултиетнички да се бараат 61 пратеник.
„И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател“, рече Бујар Османи.