Орбан го нарече смешно барањето на Косово за санкции кон Србија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е невозможно да се воведат санкции кон Србија и дека барањето на Приштина е „смешно“.
Тој на новинарите пред неформалниот состанок на Советот на Европската унија во Гранада изјави дека Србите веќе две години трпат провокации и дека Косово не смее да ја провоцира Србија.
„Без Србија нема стабилност на Балканот. Се залагам да и се помогне на Србија да го стабилизира регионот“, рече Орбан.
На прашањето за санкциите против Азербејџан, Орбан рече дека тоа е голема земја без која нема енергетска независност.
„Ако сакате независност од руската енергија, Азербејџан ни е неопходен. Тоа е стратешки важна земја“, рече Орбан.