Општина Кичево ќе додели стипендии за студенти


Општина Кичево објави конкурс за доделување на 35 стипендии за студенти, од кои, 20 за студенти со голем успех постигнат на студиите и 15 стипендии за студенти од семејства со лоша финансиска состојба.
Право за аплицирање имаат студенти кои студираат на некој од државните Универзитети во Република Северна Македонија или во еден од приватните универзитети во или надвор од земјата.
Потребно е, лицата кои ќе аплицираат на конкурсот, да се студенти од прва, втора, трета, четвра и петта година, да се редовни студенти и да не повторувале во текот на студирањето.
Студентите од прва година треба да приложат документи за постигнатиот успех во средно образование.
Износот на стипендијата за студентите кои се запишани во академската година 2018/2019 е 24.000 ден. кој ќе се исплати по 3.000 денари за осум месеци.

Од Општина Кичево соопштија дека крајниот рок за аплицирање на конкурсотт е 30 август 2019 година.