Опра ја покажа витата фигура, еве колку ослабе


Цел живот се бореше со килограмитеа, ама сега и успеа.

Иконата на американската ТВ програма Опра Винфри беше една од гостите на хуманитарната вечер организирана од луксузната групација Керинг. Фондацијата прославува 15 години од својата работа, а целта е да помогне во спречувањето на насилството врз жените и да им обезбеди поддршка. Никол Кидман, Изабел Ипер, Трејси Елис Рос, Зои Кравиц, Ченинг Тејтум и Леонардо ди Каприо се дел од познатите личности кои присуствуваа на настанот, а големо внимание привлече и познатата 69-годишна водителка.

Винфри позираше со активистката и нобеловка Малала Јусафзаи, Франсоа-Анри Пино и Салма Хаек, а таа изгледаше прекрасно во пурпурен фустан на Сен Лоран кој ја истакна нејзината фигура. Креацијата беше весшто дизајнирана и ѝ ја истакнуваше фигурата. Таа избра и високи потпетици на Saint Laurent Vendome и дијамантски накит кои и прилегаат со оваа празнична нијанса на фустанот. Таа избра виолетова со добра причина, за да му оддаде почит на филмот од 1985 година во кој имаше улога – „The Color Purple“, во режија на Стивен Спилберг. Водителката и продуцентот моментално работи на истоимената музичка адаптација.

Опра на почетокот на годината зборуваше и за својата борба со килограмите – во еден момент тежела околу сто килограми, а речиси ниту една диета или план за исхрана не и одговарале. Оваа година таа реши да го промени начинот на живот и ја започна програмата „Weight Watchers“ која е насочена кон промена на исхраната, начинот на живот и само размислување за килограмите. Откако изгуби околу 20 килограми за 15 месеци, таа во едно интервју рече:

„Ова е најдобрата програма за слабеење на која сум била. Се работи за начинот на живот, начинот на кој ја консумирате храната и никогаш не се чувствувате како да сте на диета. затоа функционира“.