ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија


Населението на Украина се намалило за 10 милиони луѓе или околу една четвртина од почетокот на руската инвазија, соопшти ОН.

– Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН.

Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.

Во 1991 година, Украина имаше над 50 милиони жители, додека пред инвазијата во 2022 година бројот изнесуваше околу 40 милиони.