ОН го обвинија Израел дека спроведува „кампања за изгладнување“во Газа
Експертите за права на Обединетите нации го обвинија денеска Израел дека спроведува „целна кампања за изгладнување“ што резултира со смрт на деца во Газа.
„Изјавуваме дека намерната и насочена кампања на Израел за изгладнување против палестинскиот народ е форма на геноцидно насилство и резултира со глад низ цела Газа“, се вели во соопштението на десет независни експерти на ОН.
Тие нагласуваат дека постојат докази за три деца кои неодамна починале од „неисхранетост и неможност за пристап до соодветена здравствена заштита“.