ОН: Цените на храната на глобално ниво зголемени најмногу во последните 10 години


Глобалните цени на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај, што е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година, покажуваат податоците на Обединетите нации.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ги следи цените на различните видови храна, вклучувајќи житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќери.

Сите пет компоненти на индексот пораснаа поттикнати од зголемувањето на цените на растителните масла, житарките и шеќерот. Индексот на тој начин скокна на највисокото вкупно ниво од септември 2011 година.

Зголемените трошоци се резултат на зголемената побарувачка во некои земји и застојот во производството.

Нарушувањата на пазарот и снабдувањето, како резултат на ограничувањата на движењето, влијаеа на локалниот недостиг и зголемувањето на цените, а експертите предупредуваат дека големата побарувачка и ниското производство ќе доведат до зголемување на инфлацијата, бидејќи економиите излегуваат од блокадите.

Сепак, некои индустрии би можеле силно да закрепнат. ФАО предвидува дека овогодинешното производство на жито ќе биде на рекордно високо ниво, што може да помогне во олеснување на притисокот врз растот на цените.