Олаф Шолц го опиша разговорот со Путин како „разочарувачки“, но би го остварил повторно
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен повторно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, иако неговиот неодамнешен телефонски разговор не дал резултати, јави ДПА. „Беше разочарувачки“, рече Шолц синоќа на една од ревијалните програми на ТВ за крајот на годината, „бидејќи само повторно ги повтори сите свои формули“.
И покрај критиките од Украина и од источноевропските земји во врска со разговорот, Шолц рече дека е неопходно Путин да разбере дека не може да смета на Германија да ја намали поддршката за Украина.
Шолц рече дека го повикал Путин „да ги повлече трупите за да може да се појави основа за мирен развој“.
„И мора да се направи, и ќе го направам повторно. Но, не смееме да имаме илузии за ова“.
Шолц, самоиницијативно, му се јави на Путин во средината на ноември, за првпат од декември 2022 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Шолц дека со повикот ја отворил „Пандорината кутија“.