Околу 120 Бугари од Македонија се пријавиле да гласаат на бугарските избори
Бугарите во Македонија во Битола, Кавадарци, Скопје, Струмица, Велес и во Охрид денеска гласаат на шестите парламентарни избори кои се одржуваат во последните три години. За прв пат оваа година може да гласаат и за европските избори, но само во Скопје и Битола. На минатите избори гласаа 461 лице.
Сега има 120 пријави од Бугари кои се пријавиле за гласање, но овој број може да биде поголем, бидејќи во избирачките места може да се појават и да гласаат без претходно да се пријават.
За разлика од минатите избори, оваа година нема да се гласа во Тетово, каде пак минатата година за прв пат се отвори избирачко место.