Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на браќата Усеини
Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација.
Минатата недела браќата Усеини поднесоа гаранција за бидат пуштени од притвор, откако претходно истиот им беше одреден од судот. Гаранцијата е во висина од 30 000 евра за двајцата.
Тие беа во бегство шест дена, по што сами се предадоа.
Браќата се осомничени за кривични дела насилство и неовластено држење оружје или распрскувачки материјали.