Огромна дупка се отвори на прометна крстосница во Јапонија – проголта камион (видео)
Огромна дупка се отвори вчера на сообраќајна раскрсница во јапонскиот град Јашио, а во неа пропадна камион. Дупката широка 10 метри и длабока 5 метри се отворила околу 10 часот по локално време.
„Веруваме дека дупката се отвори поради пукање на канализационата цевка во сливот на реката Накагава“, рече Мотохиро Оно, гувернер на префектурата Саитама. И покрај напорите на спасувачите, возачот сѐ уште е заробен во кабината која е исполнета со песок и кал.
Спасувачките тимови пумпале воздух во дупката за да му обезбедат кислород на возачот, објави Нипон ТВ. Во меѓувреме, недалеку од првата дупка се отвори уште една дупка. Локалните власти ги повикаа жителите во радиус од 200 метри да се евакуираат бидејќи гасовод минува под земја.
Возачот бил свесен на почетокот на спасувачката акција и комуницирал со спасувачите, но подоцна се појавиле информации дека спасувачите повеќе не можат да комуницираат со возачот. Во дупката останала само кабината, додека остатокот од возилото бил успешно извлечен.
Video: Part of a road intersection collapsed in Yashio City, Saitama and a truck fell into the hole. Efforts are underway to rescue the driver. pic.twitter.com/CPqXd3Y1lC
— Jeffrey J. Hall 🇯🇵🇺🇸 (@mrjeffu) January 28, 2025
Ова не е прв ваков инцидент
Имаше неколку инциденти со дупки во Јапонија во последниве години. Во септември во Хирошима се појави дупка откако пукна подземна водоводна цевка и се урна пат. Неколку лица затрупани во околните згради биле спасени од противпожарната служба.
Во 2016 година, уште една огромна дупка, широка 30 метри и длабока 15, одеднаш се појави во Фукуока и проголта пет коловозни ленти. Инцидентот го привлече светското внимание бидејќи јапонските работници го поправија патот за неколку дена.