Огромен пожар во хемиска фабрика; Се слушаат експлозии: Гасењето може да трае со денови


Голем пожар избувна денес во хемиска фабрика во западниот дел на Сиднеј, објави Австралиската противпожарна служба на својата веб-страница.

Повеќе од 185 пожарникари од Противпожарната и спасувачка служба на Нов Јужен Велс (FRNSW) се борат со масовен пожар во фабрика и вонредна состојба со опасни материјали во Норт Сент Мерис во западниот дел на Сиднеј.

Гаснувањето на пожарот може да потрае со денови, а пожарникарите се справуваат со пожарот од три страни со помош на единицата за опасни материјали.

Тие ја следат ситуацијата од воздух со помош на беспилотни летала.

Пожарот во зградата во населбата Норт Сент Мерис избувна околу 23 часот по локално време.

Според извештајот на FRNSW, пламените јазици се искачија на 15 метри во висина и се слушна најмалку една експлозија.

Кога противпожарните екипи пристигнале на местото на пожарот, ја пронашле зградата целосно зафатена од пламен.

Пожарникарите изјавиле дека се обидуваат да спречат ширење на пожарот кон соседните згради и да ги локализираат сите еколошки опасности што ги претставуваат хемикалиите во објектот.

Службите за итни случаи изјавиле дека нема извештаи за повредени.

Агенцијата за заштита на животната средина е исто така на лице место.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

На жителите во областа им се советува да ги држат вратите и прозорците затворени за време на вонредната состојба и да ги следат медиумите за понатамошни информации.