Од Том Хенкс до Џорџ Клуни: Австралија е најбезбедна земја за снимање високобуџетни холивудски филмови
Австралија– Џорџ Клуни и Џулија Робертс се последните холивудски sвезди кои ќе снимаат во Австралија, благодарение на финансирањето на австралиската влада за високобуџетни филмови и примамливо малата изложеност на земјата на пандемијата на коронавирус.
Филмот на двојката, “Ticket to Paradise”, доби грант од државата Квинсленд од 6,4 милиони австралиски долари (4,90 милиони американски долари) за снимање на островите Витсундеј и на други места во државата оваа година.
Меѓу другите sвезди кои слетаа во Австралија во последните месеци за филмски и ТВ-снимања се Мет Дејмон, Марк Валберг, Натали Портман, Зак Ефрон, Идрис Елба, Лиам Нисон, Мелиса Мекарти и Том Хенкс.
Никол Кидман и Крис Хемсворт се меѓу Австралијците што донесоа високобуџетнки продукции дома, што предизвика некои критики во услови на ограничување на владата за пристигнувањата на австралиските државјани и извештаите дека некои sвезди избегнувале карантин во хотели.
Агресивниот одговор на Австралија на пандемијата на коронавирус, вклучително карантин и затворање на границите, го забави пренесувањето на пандемијата во заедницата, што ја прави популарна во Холивуд за таканаречените „бегалки продукции“.
Кинематограферите наведоа и зголемување на 400 милиони австралиски долари (306 милиони американски долари) во грантовите за австралиски локации од 2020 година како причина за избор на земјата.
„Поради нашата силна здравствена реакција и преку напорите на сите Квинслендери во справувањето со глобалната пандемија, се појавивме како едно од најбезбедните места во светот за снимање“, рече премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук.
“Ticket to Paradise“ на Universal Pictures ќе се снима и на Бали, Индонезија, бидејќи Клуни и Робертс играат разведен пар кој присуствува на венчавката на нивната ќерка.
Робертс треба да го снима „ Gaslit“ ТВ серија за скандалот Вотергејт, во Сиднеј, со Шон Пен и Австралиецот Џоел Еџертон, кој исто така би режирал, објави Сиднеј Морнинг Хералд.
Меѓу продукциите од висок профил, Дејмон, Волберг, Хемсворт и Портман снимаат продолжение на Тор, објавија локалните медиуми.
Кидман, израсната во Австралија, се врати дома со ѕвездата на „ Bridesmaids” , Мекарти, за да го снима „Девет совршени странци“, серијал за компанијата Хулу на компанијата Волт Дизни, според книгата на авторот на романот „ Nine Perfect Strangers “, кој исто така е Австралиец.
Хенкс сними биографски филм за Елвис Присли во 2020 година, откако првичното снимање беше одложено со пандемијата и дијагнозата Ковид-19 од самиот Хенкс.
Федералната влада, во меѓувреме, има ограничување на бројот на Австралијци кои се дозволени да се вратат, што предизвика гнев кај некои граѓани кои сакаат да се вратат дома.
„Ако не се придржуваат и не е направено добро, имаме проблем“, рече Мери-Луиз Меклавс, професор по епидемиологија на Универзитетот во Нов Јужен Велс, осврнувајќи се на sвездите кои гостуваат.
„Јавноста треба да знае точно како властите осигуруваат дека ќе останат дома и дека нема да одат на теретана или на терен за голф, или немаат инструктор по теретана да дојде и да вежба со овие патници кои се во инкубација “. (Ројтерс)