Од рак почина илузинистот Зигфрид од двоецот со Рој, познати по шоуто со диви животни во Лас Вегас


САД- Зигфрид Фишбахер, половина од светски познатиот тандем на илузионисти во Лас Вегас Зигфрид и Рој, почина од рак осум месеци по смртта на неговиот долгогодишен деловен партнер Рој Хорн. Фишбахер имаше 81 година.

Неговата сестра Долоре Фишбахер, калуѓерка во Минхен, Германија, за Ен-Би-Си њуз  изјави дека Фишбахер починл во неговиот дом во Лас Вегас од терминален карцином на панкреас. Поради пандемијата, Долоре рече дека не можела да го посети за сезоната на празници, но дека одржувала контакт и била на телефон со познатиот илузионист околу 30 минути пред да почине  „Тој не е мртов, тој ќе живее во моето срце“, рече таа.

Зигфрид и Рој, познати по нивната работа со големи мачки, со децении одржуваа претстави во Лас Вегас – сè додека Хорн не доживеа скоро фатална несреќа што го запре нивното долгогодишно шоу. Хорн почина во мај од компликации на Ковид-19 на 75-годишна возраст. Во 2003 година, тигар  Мантекор, го гризна вратот на Хорн и го влече од сцената за време на една претстава во Мираж Лас Вегас. Тигарот го смачкал неговиот душник и го оставил тогаш 60-годишниот Хорн делумно парализиран. Фишбахер е роден во Розенхајм, Германија, каде што развил рана склоност кон магијата. Тој и Хорн се запознаа пред повеќе од 60 години на брод за крстарење, каде Хорн беше стјуард, а Зигфрид магионичар, се вели во соопштението на рекламната фирма на илузионистот. Хорн му помогна на Зигфрид со својот настапн, а остатокот беше историја. Славата ја стекнаа во Вегас во 1967 година и, во 1989 година започнаа 14-годишно шоу во хотелот Мираж што го претвори двоецот во мамка за туристи. Според нивното соопштение, нивното шоу од 30 милиони долари секоја вечер било распродадено. Двојката користела колекција животни на сцената која вклучувала бели тигри, бели лавови, леопарди, јагуари и еден слон. За смртта на Хорн, Фишбахер сподели неколку зборови за разделба: “Од моментот кога се запознавме, знаев дека Рој и јас, заедно, ќе го смениме светот. Не можеше да има Зигфрид без Рој и ниту еден Рој без Зигфрид”.