Од мис на свет до Холивуд: Пријанка Чопра напиша мемоари „Unfinished”
САД – Актерката и продуцент Пријанка Чопра-Џонас (38) вели дека минувањето шест месеци дома за време на пандемијата и дало време да го „открие“ својот живот.
Мис на светот за 2000 година, холивудската и боливудската ѕвезда од Индија напиша мемоари , избирајќи наслов за кој вели дека го рефлектира она што таа сè уште сака да направи со нејзината кариера.

„Тоа беше повеќе вид на интроспектива за мене и гледајќи го моето патување сега во овој момент од животот – каде што сум задоволна сум и сигурна сум и не сум несигурна за моето минато“, изјави Чопра .
„Unfinished” се осврнуваат на детството и тинејџерските години на Чопра во Индија и Соединетите Држави, нејзиното враќање во татковината каде победи на национален натпревар за убавина, како што објасни во мемоарите, нејзиниот брат ја убедил нивната мајка да учествува на изборот.
Таа беше крунисана како Мис на светот во 2000 година, победа што ја започна нејзината актерска кариера.
„Мис на свет беше отскочна даска не само за мојата кариера, туку и како жена“, рече таа.
„Но, во исто време, јас сум исто така некој што верува дека на жените не треба да им се суди претежно или на начинот на кој изгледаат … И мислам дека не би го сторила тоа повторно“.

По успехот во Боливуд, Чопра , која е во брак со поп-ѕвездата Ник Џонас, глумеше во хит-серијата „Квантико“.
„Мислам дека не беше концептуално нормално за американските филмаџии на филмови или ТВ-емисии да мислат дека Индијка може да игра во една од главните улоги “, рече таа. „Така, навистина стана моја потрага да создадам такви можности за себе и за другите луѓе кои личат на мене.

Чопра Џонас, која ќе глуми во „ The Matrix 4″, моментално е актуелна со филмот „The White Tiger” на Нетфликс за аспирациите на сиромашен индиски возач. Таа исто така го продуцираше филмот базиран на роман- добитник на Букеровата награда. (Ројтерс)