Од Ковид-19 почина докторот и уметник Драган Спасески Охридски


Како последица и компликации од Ковид-19, по кусо боледување на 60-годишна возраст почина познатиот охридски доктор, хуманист, уметник и поет Драган Спасески Охридски.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург, вработен во Костнозглобната болница во Охрид.

Лани прослави три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.