Од Ема Томпсон до Кендис Берген – холивудската елита на дожд во Ровињ
Ровињ – Промената на времето ја натера холивудската екипа да престојува на јахта вредна 200 милиони долари. Но, се чини дека тоа не ги спречи добро да се забавуваат. Барем судејќи по објавата на Инстаграм на модната дизајнерка Дајан фон Фирстенберг, која во понеделникот објави дождлива галерија од Ровињ.
Заедно со познатата дизајнерка, на јахтата престојуваа и двократната оскаровка Ема Томпсон, радио водителот и бизнисмен Брус Бози, телевизиската новинарка Дајан Соер, филмскиот продуцент Џејсон Блум и актерката Кендис Берген. Бози пред два дена со заедничка фотографија се пофали дека заедно уживаат во ручек покрај море, а судејќи по празните чинии, ѕвездите биле и повеќе од задоволни од послуженото. Меѓутоа, сончевата идила кратко траеше затоа што веќе во понеделникот ги зафати невреме што го опустоши истарскиот регион, а доказ за тоа е фотогалеријата на дизајнерката која почнува со нејзиното влажно лице во крупен кадар.
Сепак, тоа не го спречи тимот добро да се забавува, па Томпсон во кабаница спремно позира на поплавената и празна улица, а попатно го гали кученцето кое се крие во прегратките на сопственикот. Во исто време, се чини дека бизнисменот Бози бил фасциниран од невремето на море, па на своите приказни на Инстаграм сподели видео од брановите, на кое го додал звукот во позадина на Ноктурно на Шопен, а класичната музика го подобри впечатокот на видеото. Освен тоа, неговите објави покажуваат дека уживаат во активен одмор истражувајќи го брегот и планинарењето, а како што најавуваат, нивна следна станица е Венеција. (Глориа.хр)