Од Џоди Фостер до Катрин Денев: Филмската елита се сели на 74.Кански филмски фестивал


Франција– Катрин Денев, Жак Одијард, Шон Пен се дел од големиот избор на Канскиот филмски фестивал кој почнува од утре и ќе трае до 17 јули. Покрај нив, тука се Јулија Дукурнау и Франсоа Озон со што тие ќе го предводат големиот француски контингент наспроти редовните жители на Кроазета, како што е Нани Морети. Американските sвезди ќе бидат поретки годинава на Азурниот брег поради Ковид. Само четири режисерки влегуваат во официјалната селекција за Златната палма.

Тиери Фремо имаше голема работа за да ја осмисли програмата за 74-то издание на најголемиот фимски фестивал во светот во Кан. Изборот бараше тежок избор што ќе ги направи „некои да бидат разочарани, особено во францускиот контингент“ и е „многу меѓународен“, рече Фремо во преамбулата на многу долгата прес-конференција. 

Симболичниот праг од 2000 поднесени филмови за селекција е надмината, квантитативно и квалитативно изобилство, нагласи Фремо, според кој пандемијата ја ослободила креативноста.

-Видовме филмови за ограничувањата со ликови со маски, но не толку. Забележавме зголемување на долгометражните филмови направени со мобилни телефони, прецизира Тиери Фремо, кој направи повеќе пропусти и грешки.

Во изборот за Кан во моментов има 61 филм, кој ќе биде збогатен со дополнителни наслови, со фокус на еколошки прашања. Во селекцијата Извесен поглед има 18 наслови и се фокусираат на први филмови и креатори во зародок. Специјалните проекции се најавени со документарни филмови на Шарлот Генсбург за нејзината мајка Џејн Биркин, Оливер Стоун за неговиот култен филм ЏФК и портретот на Вал Килмер и неговата борба против болеста. Создаден е нов дел од Канските премиери за да се обезбеди поставување без притисок на конкуренцијата и да се потенцираат филмаџиите ценети од фестивалот кои „ќе ги инспирираат идните генерации“. Во него се појавува Арно Десплешан кој ќе го прикаже „Тромпери“, адаптација на Филип Рот, Ева Хјусон, британецот Андреа Арнолд „Крава“, Матјо Амалрик „Прегрниме силно“.

Надвор од конкуренција, француските sвезди ќе бидат присутни со Катрин Денев и Емануел Беркот ќе шетаат по црвениот тепих со „Де сон вивант“. Нив ќе им се придружат и Валери Лемерсиер и нејзината почит кон Селин Дион со „Алин“. Исто така, Камил Котан ќе го претстави трилерот на Том Мекарти „Стилвотер“, кој го глуми заедно со Мет Дејмон. Филмскиот режисер Тод Хејнс ќе го претстави својот документарец за „Кадифеното метро“.

Што се однесува до официјалната конкуренција, таа се состои од 23 филма на кои им беше додаден и бонус наслов откриен на крајот од конференцијата како филм на „Денот на знамето“ на Шон Пен со Кетрин Виник, Мајлс Телер, Еди Марсан.

За Златната палма ќе се натпреваруваат: Нани Морети „Тре Пијани“, Иранецот Асгар Фархади „Херој“, Австралиецот Џастин Курзел „Нитрам“, Русинот Кирил Серебреников со „Грипот на Петров“, Израелецот Надав Лапид “Коленото на Ахед“, финецот Јухо Куосманен “Компартиманот бр.6“, Норвежанецот Јоаким Трир „Џули во дванаесет поглавја)“ Белгиецот Јоаким Лафосе „Немирни“. Контроверзната златна палма за „Чичко Бунми“, Тајланѓанецот Апичатпонг Верасетхакул ќе ја брани својата јужноамериканска авантура со Тилда Свинтон „Меморија“.

Покрај Шон Пен, Вес Андерсон „Францускиот диспечер“ и Шон Бејкер „Црвена ракета“ ќе ги бранат боите на американското кино, кое е малку застапено поради пандемијата. Мароко ќе го претставуваат Набил Ајуш „Високо и силно“, Махамат-Салех Харун од Чад „Лингви“. Наградуван во Берлин, Унгарецот Илдико Енеди со „Приказната за мојата сопруга“. Златото за најдолг филм ќе го добие „Вози ми го автомобилот“ од Рјусуке Хамагучи адаптиран од романот на Харуки Мураками.

Во францускиот контингент, кој е многу богат, се наоѓа Жак Одијард „Олимпијадите“, Бруно Думонт „Франција“ со Леа Сејдо, Катрин Корсини „Фрактура“ посветена на социјалното прашање и флексибилноста, Франсоа Озон „Сè помина добро“, Џулија Дукурна „Титан“. Миа Хансен-Лов ќе го прикаже својот филм на „Островот Бергман“ каде блескаат Тим Рот, Миа Васиковски и Вики Крипс. Наслови на кои се додадени француско-американскиот филм за отворање „Анет“ со Адам Драјвер и Марион Котијар и сулфурната „Бенедета“ од Пол Верховен со Вирџини Ефира.

Во жирито на гала-настанот членуваат мнозинство жени, вклучително и американската актерка-режисер Меги Гиленхал, француската актерка Мелани Лоран, француско-сенегалската актерка-режисер Мати Диоп, австриската режисерка Џесика Хауснер и култната француска пејачка Милен Фармер.

Спајк Ли ќе претседава со жирито во кое ќе учествуваат и францускиот актер Тахар Рахим, бразилскиот актер Клебер Мендонча Филхо и јужнокорејскиот актер Сонг Канг-Хо. Тоа е жири што прави историја, со првпат црн претседател и сооднос од пет жени во однос на  три мажи.

Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“ на 74. Кански филмски фестивал. Таа исто така ќе биде почесен гостин на свеченото отворање, на кое ќе ја прими наградата. „Златната палма“ ќе биде врачена на 17 јули.

Почесната „Златна палма“ претходно им беше доделена на Жана Моро, Бернардо Бертолучи, Џејн Фонда, Жан-Пол Белмондо, Маноел де Оливеира, Жан-Пјер Лео, Ањес Варда и Ален Делон. (Според агенциите)