Од Диор до Пако Рабан – и улиците на Париз „мирисаат“ на скапи брендови (галерија)
Франција- Од славни личности до инфлуенсери и старлети- Париз изминатиов период, благодарејќи на Модната недела- беше центар на светската мода. Се одржаа вкупно 66 модни ревии со 41 презентација, сите за само една недела, која завршува утре.
Парискиот уличен стил е поразновиден од кога било – од многу облеки посветени на луксузните модни куќи како Диор или Рик Овенс, до вистински уличен стил комбинации. Се чини дека сите сакаат да стават крај на недофатливиот термин „париски шик“, па секој од гостите на свој начин го редефинира овој шик и го нуди во свое издание.
Како изгледаа славните, а како модните фанови:
















