Од „Чачак, Чачак“ – до регионален феномен. Лепа Брена ја собра хрватската елита во Загреб
Сатиричниот театар „Керемпух“ премиерно ја изведе долгоочекуваната претстава „Проект Лепа Брена“ на белградскиот театар „Битеф“. Загрепската премиера на актерско-пејачко-танцовото парче не ја пропушти ниту самата Брена, но и многу познати личности од јавниот живот, меѓу кои и поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.