Од Ана Винтур до Ким Кардашијан: Црвениот килим на американската мода (фото)
САД– Со црвениот килим на Cipriani South Street во Њујорк и многу холивудски ѕвезди, синоќа, се одржа гала настанот на Советот на модни дизајнери на САД на чело со Том Форд.

На годишниот настан, кој ја препознава извонредноста во американскиот моден дизајн, доделени повќе награди. Лени Кравиц ја доби наградата Модна икона, основачите на Chrome Hearts, Лори Лин и Ричард Старк-, стилист на годината е Ло Роуч кој се грижи за изгледот на Зендаја, стилистот Пети Вилсон- наградата на медиумите и Ким Кардашијан и Ема и Џенс Гред-наградата за иновации на Амазон.

Покојниот дизајнер Вирџил Абло беше почестен со наградата на Одборот на доверители на CFDA.












