Од американска лабораторија избегале 43 мајмуни 


Полицијата е во потрага по 43 мајмуни кои побегнале од истражувачката лабораторија во Јужна Каролина, откако чувар го оставил нивниот затворен простор отворен.

Мајмуните избегале од установа управувана од Alpha Genesis, која одгледува примати за медицински истражувања и тестирања, а се верува дека шетаат во дел од државата наречен Лоукантри.

Властите ги повикаа жителите да ги држат вратите и прозорците безбедно затворени и веднаш да пријават ако видат мајмуни. Меѓу избеганите животни има млади женки со тежина од по 3,2 килограми. Полицијата се обидува да ги намами со храна, се поставуваат замки, а се користат термални камери за лоцирање на мајмуните.

Компанијата тврди дека сè уште не се направени тестови на животните бидејќи тие се „премлади за да ја носат болеста“.

Во заградениот простор имало вкупно 50 мајмуни, 43 избегале, додека седум останале. Потрагата ја отежнува дождот, па мајмуните нашле засолниште.

Ова не е прво бегство на мајмуни од овој објект, бидејќи во 2016 година побегнале 19 животни кои по шест часа биле вратени. Две години претходно е снимено бегството на 26 мајмуни.