Обвинителите издадоа налог за апсење на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес


Обвинители издадоа налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес поради наводна врска со малолетничка.

Моралес (65) тврди дека обвинението против него е „стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура“ во 2025 година и дека тој е жртва на „брутална судска војна“ организирана од актуелниот претседател Луис Арсе, објави Гардијан.

Јавниот обвинител во понеделникот откри дека налогот за апсење на Моралес е активен од октомври и важи шест месеци.