Инаку, резултатите од анкетата која „ЕГЗИТ“ неодамна ја спроведе меѓу купувачите на влезници во Србија, покажаа дека повеќе од 70% од нив се вакцинирани. Дури 64% ја примиле вакцината, а 8% го прележале Ковид-19 во претходните шест месеци.
20-годишнина на „ЕГЗИТ“ Фестивалот
Големата прослава на 20-годишнината на „ЕГЗИТ“ фестивал ќе биде одржана од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина, а своите настапи веќе ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, „Сабатон“, Нина Кравиц, Џонас Блу, Пол Калкбренер, Тајга, Соломун, Амели Ленс, Масео Плекс, Денис Султа, Диџеј Топик, Робин Шулц, Асаф Авидан, Сатори, Борис Брејча, Хани Дижон, „Хот Синс 82“, „Медуза“, Пол ван Дајк, „Артбат“, Шек Вес, „Лајбах“, Амира Медуњанин, „Хладно Пиво“, Рундек и „Екипа“, Сенида, „Ван Гог“, Војко В, „Буч Кесиди“ и многу други.
Влезници во продажба уште денеска до крај на денот!
Уште денеска до крај на денот во продажба се наоѓа ограничен контингент на влезници за „ЕГЗИТ“ фестивал 2021 по промо цената од 4.300 денари. Влезниците можат да се купат преку официјалната страница на фестивалот и страницата karti.com.mk . Влезниците купени за изданието во 2020 година важат и за влез на овогодишниот фестивал. |