Торта „Дулче де лече“
Состојки:
Кори
150 г путер
100 г шеќер
1 јајце
200 г кисела павлака
2,5-3 шолји брашно
2 лажици какао
1 лажичка печиво
1/2 лажичка сода бикарбона
Крем
600 г дулче де лече
250 г путер
2 лажички ванила
1,5 лажица какао
1 лажица ликер од чоколада
За украсување
3-4 лажици лешници (потпечени, толчени)
Приготвување:
- За подготовка на корите најпрво се промешуваат 2,5 чаши брашно со останатите суви состојки.
- На страна се матат путерот и шеќерот. Се додаваат јајцето, павлаката и сувите состојки.
- Тестото се замесува со рака и по потреба се додава од останатото брашното, не многу да не станат корите многу тврди.
- Тестото се дели на 8 дела, се обликуваат топчиња и се ставаат да отстојат минимум 1 час во фрижидер.
- Потоа, од секое топче се расукува тенка кора, отприлика 18-19 см и се печат во рерна на хартија за печење, кратко време 6-7 мин. на 180 Целзиусови степени
- За кремот со миксер се мати путерот на собна температура со дулче де лече за да се добие изедначен крем. Се додава ванила и со кремот, отприлика 1,5-2 лажици, се филуваат корите и се редат една врз друга во обрач за торта.
- Горната кора не ја филувајте и така ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.
- Утредента извадете ја тортата од обрачот, премачкајте ја од страна со тенок слој од филот и украсете со толчени лешници. Во остатокот од филот додајте ги какаото и ликерот и со тоа премачкајте и украсете ја тортата одозгора.
- По желба може да направите ѕвезди од бело чоколадо и тие да ги употребите за украсување.
*чашата е од 250 мл