Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Оваа недела би можеле да се соочите со нечија авторитативна страна и нефлексибилно и догматско размислување. Некомпетентен или лош совет. Одбијте го!
Љубов: Би можеле да влезете во старата и иста рутина, а копнеете по нешто сосема ново. Засега се возможни само традиционалните облици на љубов, затоа внимавајте и не форсирајте.
Здравје: Би требало да направите мали промени во однос на здравјето и дневната рутина. Доколку се соочувате со долгогодишен проблем, сега е поволен момент за второ мислење.

БИК

Работа: Професионалното поле укажува на позитивни пресврти, па дури и да не ви се допаѓа вашето работно место, сега сепак ќе уживате во развојот на случувањата. Договори.
Љубов: Викендов е прекрасен момент да се опуштите со своите љубени, бидејќи постои потенцијал за солидна и вистинска романса меѓу вас и саканите. Нови личности и средби.
Здравје: Вашата кондиција е добра, но доколку е потребен лекар, ќе биде добро да се потпрете на мислењето на некој кому му верувате и со кој ќе соработувате добро. Имајте позитивен став.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашиот владетел Меркур е во за вас несклоните Риби – ќе биде добро да внимавате на слабостите во карактерот кои може да ве доведат да ја злоупотребите својата моќ.
Љубов: Се чувствувате дезорганизирано и ви е потребен некој кој ќе ви го пружи токму тоа. Размислете каде, кога и како да направите компромиси – без нив врската нема да функционира.
Здравје: Сега е потребно повеќе од кога било да си воведете самодисциплина и да побарате совет од надвор. Пратете ги добро симптомите што ве мачат и водете добра грижа за себе.

РАК

Работа: Со Марс во вашето шесто поле би можеле да бидете силно привлечени од некој со кој соработувате. Дали може да ја загубите својата работа поради тоа? Дали тоа ви е потребно?
Љубов: Чувствувате одредена слабост за некој или блага конфузија бидејќи не знаете како да постапите, но со Месечината во вашиот знак работите ќе се придвижат во саканата насока.
Здравје Сега е многу важно сами да почнете да се грижите за својата добросостојба. Почнете да го сакате своето тело, дури иако тоа ве изневерило. Важно е да имате добра самодоверба.

ЛАВ

Работа: Пред вас има многу можности со кои би можеле да напредувате, но како да не ги гледате сега. Искористете го најдоброто од ситуацијата и прашајте се каде би сакале да бидете.
Љубов: Добро е да се прашате што им е потребно на вашите интимни врски за да процветаат со целосен потенцијал. Што е тоа што ве блокира? На што треба да поработите и двајцата? Надеж.
Здравје: За сега планетите велат дека сте во солидна кондиција, а отпочнатите медицински анализи би требало да имаат позитивен исход. Сега сте смирени, инспирирани и мудри.

ДЕВИЦА

Работа: Со транзитот на Месечината низ Близнаци лесно би можеле да се најдете повредени поради случки на работното место. Имајте предвид дека работата не е цел живот.
Љубов: За да опстане вашата врска, треба и двајцата да сте спремни да разговарате искрено за круцијалните работи во вашиот заеднички живот. Со сила убавина не бидува – не форсирајте!
Здравје: Со планетите во вам несклоните Риби би можеле да страдате од променливи емоции, депресија или анксиозност, а што ќе ви го одземе духовниот мир. Бидете позитивни и сакајте се.

ВАГА

Работа: Во текот на неделата е многу веројатно дека ќе се сретнете со понуда за работа, за која што сега не размислувате. Дури и ако сте вработени, сепак размислете за оваа опција.
Љубов: Месечината во Близнаци го отвора ова поле и доколку сте веќе во врска, очекувајте да се зголеми интимноста и задоволството меѓу вас. Слободните нека излегуваат – нова љубов!
Здравје: Сега сте полни со виталност, надеж и оптимизам за иднината. Резултатите што ги чекате ќе бидат во ваша корист, а добро е да внимавате на содржината на своите размисли.

СКОРПИЈА

Работа: Размислувате да преземете некаков ризик, но ќе треба да внимавате да не бидете експонирани поради тоа. Обидете се да не трчате околу како кокошка без глава. Баланс.
Љубов: На вашата долгогодишна врска ѝ е потребно време и приоритет, инаку нема да биде тука кога вие ќе се сетите за тоа. Ако сте сами, прашајте се што навистина ви треба. Не брзајте.
Здравје: Сега треба да најдете време и да ги избалансирате професионалните ангажмани со здравствените потреби. Најдете време за одмор, релаксација и исцелување – така се напредува.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Обременети сте со својата работа или ја немате воопшто, а тоа ви прави немир – се чувствувате заглавено. Имајте верба во себе и не останувајте во нездрава околина.
Љубов: Можеби имате некој на ум, а кој не ве третира соодветно. Затоа е најдобро да престанете да фантазирате за оваа личност. Не сте сами, погледнете наоколу и дружете се.
Здравје: Планетите во Риби ви се несклони и би можеле да сте под стрес поради повеќе фактори. Направете анализи и третмани. Знајте дека е најважно да најдете време за одмор.

ЈАРЕЦ

Работа: Среќа при справувањето со работните обврски. Работите се движат само како што сте посакувале и допрва ќе сфатите колку сте среќни. Изобилство, сигурност и стабилност.
Љубов: Ова е поле каде што се чувствувате исполнето и влегувате во фаза каде што заемно се поддржувате многу. Уживање во рафинирани работи и елеганција. Мудрост и длабока љубов.
Здравје: Бидејќи сте во добра кондиција, зрачите со оптимизам и задоволство. Резултатите што ги чекате изгледаат надежно и сега може да се препуштите на доброто здравје. Позитивен став.

ВОДОЛИЈА

Работа: По еклипсата во вашиот знак, почнавте да се чувствувате незадоволно од својата работа. Бидете отворени за новитети и најдете време да откриете што точно се случува.
Љубов: Сега би можеле да дојдете до заклучок дека ниедна врска, ниту личност е совршена. Размислете за тоа дали имате нереални очекувања и идеализирана идеја за тоа што е љубовта.
Здравје: Најдете време да се прашате што тоа му е потребно на вашето тело и најдете начин да му го пружите токму тоа, ако треба и во мали дози. Јадете соодветна храна и движете се повеќе.

РИБИ

Работа: Се приближувате до точка кога успехот и признанијата ви се на дофат на раката – сѐ што треба да направите е да сте дисциплинирани и организирани. Ќе ви се исплати многу.
Љубов: Многу е веројатно некоја врска од минатото да се појави пак. Дали е тоа она што го сакате? Во воспоставените врски се чини дека секој оди по својот пат, а што не е лошо засега.
Здравје: Сега е добро да се прашате да не сте презеле премногу одговорности на својот грб, а затоа е потребно да застанете и да најдете време за себе и некаков ритуал во денот. Одморете!

Ирена Танчева  [email protected]