НСДП останува во опозиција


Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа
извештајот за претседателските и парламентарните избори поднесен од Централниот изборен штаб на партијата и донесе одлука НСДП во следниот период нејзините пратеници
да делуваат опозициски.
 
За начинот и формата на опозициското делување партијата ќе одлучува на следната седница во месец септември. Во моментов НСДП има два пратеника во Собранието.