Новите талибанци – побогати, побрендирани и стилски позбунети


Побогати, со брендирани патики и очила за сонце, со тренерки и безбол капчиња со талибанско знаме, е изгледот на новите талибанци што пред неколку дена влегоа во Кабул и го свртеа на себе вниманието на социјалните мрежи. Сакајќи да се престават во нов имиџ претерале прифаќајќи ги западните трендови, иако се борат против западните вредности.Некои од нив се толку далеку од реалноста, што парадираат и со американски униформи и опрема.  

Талибанците од 2021 година се во многу посилна економска позиција отколку кога се појавија како една од неколкуте фракции кои се борат во граѓанска војна во Авганистан во 1994 година. За разлика од тогашната се уште ноа, неискусна организација од северен Пакистан, Талибанците сега имаат длабоко финансиско присуство во земјата и зад нив стојат голем број економски победи со кои ги финансираат своите воени операции. Според извештајот на Франс24, фундаменталистите го одржуваат долготрајниот бунт низ целата земја од нејзиниот пад во 2001 година со софистицирана финансиска мрежа и систем за оданочување со кој ги финансираат операциите – вклучувајќи ги и неодамнешните заплени на клучните гранични пунктови, кои наводно им донеле милиони заработка на владина сметка. Авганистан важи и за центар за трговија со дрога, а многу веројатно е дека талибанците имаат и надворешни финансиери на кои им одговара нивното опстојување во земјата.

По влегувањето во Кабул, милитантите објавија видеа и фотографии во кои ги прикажуваа своите борци како обични, пристапни луѓе: вежбаат, јадат сладолед и изгледаат добро. Но, она што падна најмногу во очи е дека талибанците го напуштиле строгиот изглед на нивните претходници, чии борци (од 1996 до 2001 година) беа познати по традиционалните црни облеки како фустани и по диво израснатите бради. Сега се шетаат по улиците на Кабул со очила за сонце, стилски тренери и безбол капи маркирани со талибанско знаме. Фотографиите направени во Кабул во последните денови покажуваат дека некои талибански борци се избричиле и ја напуштиле брадата што се бара според строгиот исламски закон. Тоа ги натера корисниците на социјалните медиуми да ги исмеваат со нив нарекувајќи ги „авангардни“ модни жртви кои работат со „дизајнери“ за да го создадат својот изглед.

Бунтовните корисници на социјалните мрежи ги исмејуваат талибанците дека изгледаат како хипици од 1970-тите, додека патролираат низ улиците на Кабул со патики со високи врвови и наочари за сонце. Во времето на нивниот прво владеење од 1996 до 2001 година Талибанците наметнуваа строго толкување на Куранот и шеријатот. Сега како да влегоа во офанзива на медиумскиот шарм во обид да го убедат светот дека се умерени во споредба со Талибанците од пред 20 години.
Така, некои од нив беа фотографирани со високи панталони и шарени кардигани, традиционални шалвари во разни бои и елеци со шари, а фотографија споделена на Твитер покажува еден талибанец дотеран во авијатичарски очила за сонце, бандана завиткана околу главата и портокалова наметка.


Во извештајот на Њујорк Тајмс објавен претходно оваа година, се наведуваше дека „ нов стил меѓу талибанските борци е бела патика со висок врв“. Овие патики наречени „гепарди“ се меѓу најпродаваните модели на патики произведени од компанијата за обувки со седиште во Пакистан, Servis Shoes и рекламирани од спортисти и спортски икони. Мотото на компанијата е „ Чевли за секого“, но сега тоа стана контрапродуктивно и озогласено, бидејќи се чита како „чевли за терористи“. Патиките станаа синоним за насилство, а особено кога се на нозете на Талибанците.