Новиот соло-албум “Divergence” на Дамир Пух достапен на сите стриминг платформи


Со големо задоволство сакам да споделам дека мојот нов соло-албум
“Divergence” од денес е достапен на сите големи стриминг платформи. Ќе
ми биде драго доколку оваа вест ја споделите на вашиот портал, за
музиката да допре до пошироката публика.

Албумот содржи девет песни, од кои осум се нови и досега необјавени
дела. Стилски, албумот се наоѓа во рамките на модерниот, инструментален
прогресивен метал, со силни електронски влијанија, сепак задржувајќи го
стилот и уникатниот печат на Дамир како гитарист и продуцент. Освен
дигитално, албумот е издаден и како физичко издание (CD) во лимитиран
тираж.

Албумот е издаден од ПМГ Рекордингс, и е проект поддржан од
Министерството за култура.

“Поминаа повеќе од 5 години од издавањето на мојот деби-албум
“Recollection”, и сметам дека “Divergence” совршено го отсликува овој
период на зреење, еволуирање и дефинирање како комплетен музичар и
артист. Во овие 5 години имав привилегија да работам на музика што
припаѓа и на комерцијалната и на алтернативната сцена, како и да
соработувам со одлични музичари од Македонија и од странство. Дел од тоа
искуство е преточено на овој албум, спакувано во естетска рамка која
мене лично ми нуди најголема слобода во музичкиот израз.

Музиката која ја сработив е слоевита, интензивна и бескомпромисна. Зад
неа се потпишувам како целосен автор, изведувач и продуцент и истата е
реализирана на највисоко свирачко и продукциско ниво. Искрено се надевам
дека љубителите на овој тип на музика ќе уживаат во ова издание и дека
ќе ги инспирира музичарите од помладата генерација да продолжат да
творат и да ја збогатуваат македонската алтернативна сцена, вели Пух.