Нови венчаници инспирирани од принцезите на Дизни
САД- Идните невести ќе можат да го создадат својот моден момент засекогаш благодарение на новата колекција на венчаници од Дизни за 2021 година.

За да ја прослави 30-годишнината од постоењето на класичната Убавица и ѕвер, Дизни по втор пат се здружи со Allure Bridals за да дизајнираат три прекрасни венчаници инспирирани од инспирирани од легендарната балска тоалета во анимираниот филм. Но, не грижете се: Тимот се погрижи да почести и многу други познати принцези на Дизни со специјални тоалети, вклучувајќи ги Пепелашка, Ариел, Јасмин, Снежана, Аурора, Рапунзел, Покахонтас и Тијана.

„Нашиот дизајнерски тим неуморно работеше на секоја од овие неверојатни тоалети, бидејќи секој фустан има сложени детали специјално инспирирани од безвременските ликови познати и сакани од сите нас, изјави Кори Мекфан, директор за маркетинг на Дизни.

Колекцијата од соништата, беше промовирана на виртуелна модна ревија на свадбениот павилјон во петокот.

Секоја тоалета чини 1200 долари. Колекцијата Платина од свадбите на бајките на Дизни ќе биде достапна исклучиво во Клајнфелд во Њујорк и Торонто, додека колекцијата свадби од бајки може да се најде во избрани бутици за невести низ САД, Порторико, Канада, Мексико, Велика Британија и Ирска. (Пипл)