Новата кампања на Зара предизвика осуда: Статуи завиткани во бели чаршафи потсетуваат на Газа
Новата кампања на Зара предизвика бес и осуда на социјалните мрежи бидејќи употребата на статуи завиткани во бели чаршафи многумина ги потсети на ужасните сцени на страдање видени во Појасот Газа.
Шпанскиот бренд на своите официјални социјални мрежи сподели слики од најновата колекција на Zara Atelier со американската манекенка Кристен МекМенами.
Кампањата ја прикажува МекМенами како стои во соба со кукли покриени со бели чаршафи, сите опкружени со урнатини. Според описите, најновата линија на Зара е „колекција со ограничено издание“ која ја слави „посветеноста на занаетчиството и страста за уметничко изразување“ на брендот.
Социјалните мрежи сега се запалени бидејќи многу корисници го обвинуваат најпопуларниот бренд на компанијата Индитех, Зара дека го искористил геноцидот во Газа во својата рекламна кампања.
Контроверзната кампања ги потсети лутите корисници на сликите на палестинското страдање во Газа и на Западниот Брег.
Корисниците на Инстаграм и Х кои тврдат дека рекламата неверојатно потсетува на сцените на страдањето во Газа каде ваквите сцени на тела завиткани во бели чаршафи станаа секојдневие.
Зара подоцна ја отстрани рекламната кампања од насловната страница на својата веб-страница и апликација.
Компанијата не ги коментираше повиците за бојкот, но нагласи дека споменатата колекција „Ателје“ е замислена во јули, а фотографиите се направени во септември, додека војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври.