Нова корона-карта: Грција и Хрватска и понатаму во црвено


Секој четврток, Европскиот центар за превенција и контрола на болести објавува нова корона-карта.

На најновата може да се види дека во однос на минатонеделната повеќе земји се во зелена зона. Исто така, за жал, повеќе земји се во темно-црвена зона.

Во соседна грција состојбата е непроменета – од минатиот четврток одредени делови се во портокалова фаза, но поголемиот дел од земјата е во црвена зона.

Хрватска и понатаму е во црвена зона.

Италија има подобра ситуација во однос на минатата недела. Поголемиот дел од земјата е во портокалова зона со тоа што некои делови, во споредба со минатата недела, се во зелена зона.

Темноцрвени се цела Словенија, како и Естонија и Литванија.

Шпанија и Франција во однос на претходната недела, повеќето нивни делови се во зелена зона, но, некои остануваат портокалови.