Нова книга на Нано Ружин – „Современа иконографија и геополитика“


Професорот и поранешен амбасадор Нано Ружин објави уште еден дел од трилогијата посветена на иконографиите, овој пат насловен како „Современа иконографија и геополитика“. Другите два дела се „Европската идеја и балканските ионографии“ (преведена и на англиски јазик) и „Балкански иконографии“, која се очекува да излезе од печат до крајот на 2020 година.

Ружин со оваа трилогија ја наметнува иконографијата како значајна општествена, културолошка, геополитичка, семиолошка категорија, составна алатка на политичката комуникација, клучна вредност на националниот идентитет. Историјата на  иконографијата е водено и историја на човештвото. Таа слично на митот, легендите, уметноста, јазикот, обичаите, религијата е производ на творечката фантазија и емпирија  на човекот. Со овој труд, Нано Ружин, ги помести сознанијата и границите на теоријата за иконографијата, преку која можат да се анализираат и синтетизираат бројни современи настани, плаисирани меѓу двата екстремни светови, оној на Фукујама и оној на Хантингтон, напиша Жорж Превелакис, професор на Сорбона.