Нов биланс: 310 убиени, девет бомбашки напади, уапсени 40
Најмалку 310 луѓе загинаа во девет бомбашки напади на цркви и хотели во Шри Ланка на католички Велигден , е новиот биланс што денеска го соопштија локалните власти.
Полицијата соопшти дека уапсила 40 луѓе во врска со нападите кои се припишуваат на локалното исламистичко движење NTJ.
Според последниот биланс, околу 500 луѓе се ранети во нападите.
На Шри Ланка денеска е прогласен ден на жалост.