Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица


Сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица е нормализиран, соопшти АМСМ.

Сообраќајот беше во прекин утрово од 8:10 часот поради сообраќајна незгода и беше пренасочуван по магистрален пат А4, Штип – Радовиш.

АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се белeжат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17 март до 4 април 2025 година, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница, информираат од АМСМ.