НОБ со „Лебедово езеро“ и „Жизел“ на меѓународна турнеја во Германија, Холандија и Белгија
Националниот балет во периодот од 26 април до 11 мај 2026 година, ќе реализира меѓународна турнеја во Германија, Холандија и Белгија.
Пред публиката на реномирани европски сцени ќе бидат изведени балетските класици „Лебедово езеро“ и „Жизел“, дела што ја носат убавината, емоцијата и врвната уметничка изведба на нашиот ансамбл.
Со ова гостување, Националниот балет продолжува достојно да ја претставува македонската култура на меѓународната сцена, потврдувајќи го својот уметнички квалитет и професионализам.