НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците
НЛБ Банка денеска информираше дека се изработени првите 35.00 домашни платежни картички и оти се во фаза на дистрибуција. Сите корисници на финансиската поддршка кои се распределени во НЛБ Банката ќе добијат СМС порака дека картичката е изработена и ќе биде доставена на домашна адреса.
– За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/
НЛБ Банка ќе изработи вкупно 113.000 картички. Издавањето ќе се одвива етапно, а крајниот рок е 18 јули. Граѓаните ќе можат да ги користат средствата од картичката до 15 август за купување македонски производи.
За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку социјалните мрежи.