Њујорк со неверојатна атракција: Ручек на врвот на облакодер, според култна фотографија


Њујорк доби нова атракција за сите оние кои сакаат да овековечат ново по малку застрашувачко искуство и да се чувствуваат како работниците од една од најпознатите црно-бели фотографии во светот, онаа од 1932 година – „Ручек на врвот на облакодер “, што е и симбол на Големото јаболко.

„Гредата или носачот“ се наоѓа на 69-от кат во Рокфелер центарот, на палубата за набљудување – Top of the Rock, а цената со пораката „се гледаме на врвот“ е нешто повисока од 40 долари.

Името на атракцијата е создадено како потсетник на челичната потпора овековечена на една од најпознатите фотографии – симбол на Њујорк.

На она што се смета за една од најпрепознатливите фотографии на 20 век, 11 мажи ручаат седнати на челичен носач на сè уште недовршениот центар Рокфелер на височина што го одзема здивот – 69-тиот кат.

Под нивните стапала можете да го видите Менхетен, вклучувајќи го и Централ Парк. Атракцијата наречена – греда – челичен носач се ротира за посетителите да доживеат ново искуство и нов поглед на Њујорк, објавија американските медиуми.

На него можат да седнат седум луѓе во исто време. Тој потоа се крева на 3,5 метри и се врти за 180 степени, давајќи им можност на туристите и њујорчаните да го видат Менхетен – Хадсон, Централ парк од повеќе од 260 метри височина.

На објавата подолу, скролувајќи ја шемата надолу, можете да видите како изгледаат атракциите.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rockefeller Center (@rockefellercenter)

 

Посетителите наведуваат дека без оглед на многуте безбедносни мерки, останува чувството на страв и восхит кај сите оние храбри работници кои го изградиле Рокфелер центарот, особено кога ќе се сетат дека пред речиси еден век тоа го направиле без посебна заштитна опрема.

Фотографијата, направена на 20 септември 1932 година, беше објавена 12 дена подоцна во неделното издание на Хералд Трибјун, бидејќи требаше да биде реклама за нов импресивен облакодер.

„Ручек на врвот на облакодер“ многу брзо стана симбол на надежта за нацијата која се бори, но и персонификација на 250.000 работници кои за време на Големата депресија, според архиварот на Центарот Рокфелер, без заштитна опрема се граделе многу симболи на Њујорк.

„За сето тоа, но за добра плата, тие беа подготвени да умрат“, како што е наведено во книгата на Џон Розенберг „Висок челик, храбри луѓе кои го изградија највеличествениот облакодер на светот“.