Николоски: Сиљановска води 140.000 гласови, ДУИ да не повикува на бојкот на вториот круг
Гордана Силјановска-Давкова има 140.000 гласови разлика, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на Сител.
Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во вториот круг на уште поголема победа за Силјановска и на победа на парламентарните избори.
-Очекувам над 61 пратеник за стабилна влада која нема да биде уценувана. Ова денес беше силна порака од македонските граѓани, кои сакаат да бираат претседател, а не Али Ахмети – рече тој.
Според него, не е паметно ДУИ да повикува на бојкот во вториот изборен круг.