Николоски не престанува да се фали со проектот „Бехтел и Енка“


 

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција договорoт на владата на СДСМ со конзорциумот „Бехтел и Енка“ го карактеризираше како најлош што можело да го склучи Македонија. Дека тој е извонредно корумпиран, дека тајните клаузули не се објавуваат, се потсмеваа и го осудуваа надзорот. Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Артан Груби беа окарактеризирани како економски предавници.

Кога лани во јуни дојдоа на власт челниците на партијата, а особено вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ставија нова плоча. Сега нема ништо градежно позначајно во државава од изградбата на трите автопатски делници што ги гради „Бехтел и Енка“. Сите калузули не се објавуваат, а „Бехтел и Енка“ е една од најдобите работи што економски ѝ се случуваат на Македонија. Па дури и порастот од 3,8 отсто на БДП во третиот квартал се темели најмногу на овие активности на коридорите 8 и 10д.

Николоски постојано обајвува видеа снимани со дрон на трасите за коишто е задолжено неговото министерство. Пред некој ден тоа беше видеото од делницата Гостивар-Букојчани, денеска на ред дојде трасата Тетово-Гостивар. И напиша: „Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“.