Николоски ги нарече СДСМ, ДУИ и Левица „црна коалиција“


 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска изјави дека нема да има предвремени избори, а СДСМ, ДУИ и Левица ги нарече „црна коалиција“.

Тој денеска за време на работните обврски беше во кампања во Гостивар и рече дека по изборите фокусот ќе биде на расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од власта.

Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори. 

„Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опозиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта“, рече Николоски.